ВИДЕО | Бомбата ја оставила во чанта на клупа: се појави снимка од жена наводно одговорна за нападот во Истанбул
Снимка на која може да се забележи жена за која турските медиуми тврдат дека е можен извршител на терористичкиот напад кој се случи попладнево, беше објавена попладнево.
Препорачано
На снимката се гледа како жената, која носи шамија, бега од местото само минута пред експлозијата, во која загинаа шестмина луѓе, а преку 50 се повредени.
Potential woman suspect in the #Istanbul explosion. pic.twitter.com/OCn6kexgd1
— Bechara Gerges (@BecharaGerges) November 13, 2022
Доцна попладнево, турското обвинителство соопшти дека настанот официјално го карактеризира како терористички чин. Според неофицијални информации, бомбата била во торба оставена на клупа на шеталиштето. Турските медиуми шпекулираат дека радикални исламистички организации или забранетата Работничка партија на Курдистан се вмешани во нападот.
Медиумите објавија и дека неофицијално, бомбата била во чанта оставена на клупа на преполната улица „Истиклал“.
Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека жена била вмешана во нападот, без да открие повеќе детали.
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Страотна експлозија го потресе центарот на Истанбул, има жртви и повредени


