Нови десет тела откриени во масовна гробница во Мексико

Форензичари на мексиканската држава Соноре открија уште десет тела во масовна гробница во близина на приморскиот град Пуерто Пенаско, со што бројот на тела и коски пронајдени во таа област од минатиот месец се зголеми на 52.

Телата се пронајдени во близина на заливот Калифорнија, а како што соопшти канцеларијата на државниот обвинител, на откритието укажала групата доброволци „Мајките кои бараат”.

Како што се наведува, нарко-групите и криумчарите често погребуваат тела на лица кои ги убиле на тајни локации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот