Драмски театар Скопје

Новата сезона во Драмски театар Скопје ќе почне со манифестацијата „Денови на независната продукција“

Драмски театар Скопје отворањето на новата театарска сезона ќе го започне со проектот „Денови на независната продукција“. Со овој проект Драмски театар ја продолжува традицијата на поддршка на уметниците од независната сцена.

Преку Јавен повик што од 24 јули ќе биде објавен на веб-страницата на Драмски театар и на социјалните мрежи, театарот ги повикува уметниците да аплицираат за термин за изведба на претстава во продукција на независната сцена. Јавниот повик е отворен до 1 септември 2025 година.

Деновите на претстави од независната продукција ќе се одржат од 9 до 19 септември 2025 година. По направената селекција на апликациите за претставите пристигнати на Јавниот повик, Драмски ќе ги отстапи за гостување сцената „Ристо Стефановски“ и „Малата сцена“ на театарот, како и потребната техника со што овозможува изведба на новите претстави и презентирање на иновативни, автентични и квалитетни театарски проекти.

Со поддршката на независната сцена Драмски театар иницира создавање на силна мрежа на театарската заедница од различни генерации актери, режисери, драматичари, сценографи, костимографи и мултимедијални уметници.

Проектот „Денови на независната продукција“ е замислен како платформа за контакти на уметници кои внесуваат свежина, динамика, понекогаш и неконвенционален пристап во процесот на создавање на театарските претстави, што може да води до идни соработки, копродукции и проекти.

Публиката на Драмски театар од 9 до 19 септември 2025 година ќе ја има можноста да ги проследи и поддржи претставите од поновата продукција на независната сцена кои со својата разновидност ќе го збогатат редовниот репертоар на Драмски театар Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот