Новата сензација на Барселона мораше да бара дозвола од родителите за да игра

Навивачите на Барселона уживаа во вчерашната претстава на Барселона која со 5:2 го прегази Бетис иако на теренот не беа Лионел Меси и Луис Суарез. Затоа пак Антоан Гризман конечно се запиша во листата на стрелци, но натпреварот ќе остане запомнет по двајца суперталентирани фудбалери. По двата гола на Гризман, третиот гол за Барселона го постигна Карлес Перез, 21-годишниот Каталонец кој поради повредите на Меси и Суарез доби шанса во првиот тим.

– Да се дебитира на „Камп Ноу“ е нешто посебно за домашен фудбалер. Ќе прославам со пријателите и семејството но веќе наредниот ден ме очекуваат тешки тренинзи – изјави Карлес Перез.

На вчерашниот натпревар, вистинско воодушевување предизвика 16-годишниот Ансу Фати. Младиот фудбалер кој е производ на славната академија на Барселона „Ла Масија“, влезе на местото на Перез во 74. минута и имаше неколку добри потези со кого не остави никого рамнодушен.

– Бев многу нервозен, но морам да им се заблагодарам на сите, на Барселона, тренерот и навивачите кои ме примија одлично – изјави Фату по натпреварот.

Станува збор за млад фудбалер кој е роден во 2002 година и кој поради прописите на Ла Лига, мораше да бара дозвола од родителите за настап во вечерен термин. Фатуе роден во Гвинеа Бисау, а во „Ла Масија“ дојде на само 10 години.

Фату вчера стана третиот најмладиот дебитант во Ла Лига во последните 78 години, со 16 години и 298 денови. Винсенс Мартинез со 16 години и 280 денови е најмлад дебитант во историјата на Барселона, додека најмлад дебитант во историјата на Ла Лига е Паулињо Алкантара кој пред повеќе од еден век дебитирал со 15 години и 139 денови.

Воодушевен од нивната игра беше и Лионел Меси кој по натпреварот се симна во соблекувалната и им честита за победата.
„Убаво е да се види како младите момци од нашата академија го исполнуваат својот сон“, напиша Меси на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот