Новак Ѓоковиќ со нов рекорд на Австралија опен
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ постави уште еден рекорд на Австралија опен, откако стигна до четвртфиналето на овој грен слем турнир по 16. пат во својата кариера, надминувајќи го легендарниот Рожер Федерер, кој одигра 15 четвртфиналиња во Мелбурн.
Препорачано
Рафаел Надал е на третото место на вечната листа со 14 пласмани во првите осум, по него следуваат Стефан Едберг со 10, Иван Лендл и Џон Њукомб со по осум.
Ѓоковиќ е апсолутен рекордер на Австралија опен, турнирот каде што ги постигна најголемите успеси во кариерата и каде што постојано го потврдуваше својот статус на еден од најголемите тенисери на сите времиња.
Листата на играчи со најмногу четвртфиналиња на Австралија опен дополнително ја потврдува доминацијата на „големата тројка“, но и посебната врска на Ѓоковиќ со Мелбурн, каде што со години ги поместува границите и ги руши рекордите.
Ноле се изедначи и со Федерер кога станува збор за пласман во осминафиналето (по 18 пати). Швајцарецот моментално води со 15:12 кога станува збор за пласманот во полуфиналињата, а Ноле води со 10:7 пред Федерер кога станува збор за пласманот во финалните мечеви.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
28мин
-
57мин
-
1час
-
9час
-
10час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


