фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Новак Ѓоковиќ денеска полни 39 години, а оваа торта мајка му Дијана му ја правела за секој роденден

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ денеска има голема причина за славење.

Новак слави роденден, а малкумина знаат дека денеска полни 39 години. Додека на теренот секојдневно демонстрира неверојатна сила и кондиција, тајната на неговата издржливост се крие во многу едноставни намирници.

Новак на прес-конференцијата до солзи ги насмеал присутните новинари  кога истакнал дека неговиот ултимативен избор во текот на паузите на натпреварите се исклучиво банани, урми и вода.

– Банани, урми и вода, навистина не разбирам, секој натпревар исто, се договараме, а тие сè уште не разбираат. Ми носат јаболко. Какво јаболко, човеку. Потоа наоѓам круша, нема урми. Па ми носат магнети, па, секакви работи – рекол Ѓоковиќ со насмевка.

Иако Новак и неговата сопруга Јелена денес се максимално посветени на здравата исхрана и строго водат сметка за тоа како се хранат нивните деца – синот Стефан и ќерката Тара, славниот тенисер порано не им одолевал на слатките.

Неговата мајка, Дијана Ѓоковиќ, неодамна се присетила на детството на Новак и открила дека сите нејзини тројца синови обожавале колачи.

– Најчесто му правев бајадери, палачинки, бисквит-торта и „маркиза“. И не само Ноле, сите тројца синови обожаваа слатки – рекла Дијана тогаш.

Ѓоковиќ пристигна на Ролан Гарос во обид да ја освои 25 грен слем титула

ВИДЕО | БиХ не спиеше ноќеска – се славеше пласманот на Светското првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот