Нова убедлива победа на кадетите на ЕХФ шампионатот, овој пат настрада Летонија

Фото: РФМ

Ракометната кадетска репрезентација на Македонија дојде до третата победа во третото коло на ЕХФ шампионатот што се игра во Рига, Летонија, откако денеска со убедливи 33:23 славеше над домаќинот.

Нашите ракометари уште од почетокот на натпреварот ги презедоа работите во свои раце и по воведните 2:2, направија серија од 6:1 со која дојдоа до плус пет (8:3). Летонците се обидоа да се вратат во игра, дојдоа до 11:8, но немаа сили за нешто повеќе против расположените македонски ракометари.

Со сигурна игра, Македонија ја зголемуваше предноста и на одмор замина со убедливи 21:12 со што практично ги реши дилемите околу победникот.

Во второто полувреме, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ рутински ги одработија 30-те минути и славеа со убедливи 33:23.

Најдобри во редовите на Македонија беа Тодор Узунчев со седум гола, додека Димковски и Петковски дадоа по шест гола, а Брестовац на голот имаше 11 одбрани.

Противник на Македонија во полуфиналето ќе биде поразениот од натпреварот меѓу Швајцарија и Луксембург.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот