Евра/ Фото: архива

Нова слика за европската благосостојба- само 10 земји живеат над просекот

Просечната материјална благосостојба на домаќинствата во Европската Унија значително се разликува и е највисока во Луксембург, а најниска во Латвија, објави Заводот за статистика на ЕУ (Евростат). Во 2024 година, нивоата на реална индивидуална потрошувачка (RPC) во земјите од ЕУ варираа помеѓу 72 и 146 проценти во споредба со просекот, кој беше поставен на 100.

Реалната индивидуална потрошувачка (RPC) по глава на жител се изразува во стандарди на куповна моќ и се користи како мерка за материјалната благосостојба на домаќинствата. Минатата година, 10 земји регистрираа БДП по глава на жител еднаков или над просекот на ЕУ. Луксембург беше лидер со ниво од 46 проценти над просекот на Европската Унија, по што следуваа Холандија (20 проценти) и Германија (19 проценти). Најниските нивоа на БДП по глава на жител беа регистрирани во Латвија (28 проценти под просекот на ЕУ), Бугарија и Унгарија (и двете по 27 проценти).

Бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител, исто така, покажа значителни разлики меѓу земјите од Европската Унија, при што 10 земји постигнаа резултат над просекот. Највисок БДП по глава на жител повторно беше регистриран во Луксембург (245 проценти од просекот на ЕУ), по што следуваат Ирска и Холандија (134 проценти). Спротивно на тоа, Бугарија (66 проценти од просекот на ЕУ), Латвија (68 проценти) и Грција (69 проценти) имаа најнизок БДП по глава на жител- објави Бизнистелеграф.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот