Редовно изборно Собрание во ДПМ

Нова претседателка на Друштвото на писателите на Македонија е писателката Гордана Јовиќ-Стојковска

Во колегијална атмосфера во просториите на ул. „Максим Горки“ бр. 18 во Скопје, на 30 мај членството на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) успешно го одржа своето редовно изборно Собрание, при што избра ново раководство.

Нова претседателка на Друштвото на писателите на Македонија е писателката Гордана Јовиќ-Стојковска, која ја доби поддршката од мнозинството членови на ДПМ присутни на Собранието (71).

За членови на новиот Управниот одбор на ДПМ се избрани досегашниот претседател Живко Грозданоски, заедно со другите членови: Петар Андоновски, Драгана Евтимова, Хана Корнети, Елизабета Јончиќ и Сеида Бегановиќ.

За нови членови на Судот на честа се избрани писателката Ирена Јурчева, поранешната претседателка на ДПМ Соња Стојменска Елзесер, како и авторите Диме Ратајкоски, Марина Мијаковска и Иван Антоновски.

„Сакам да им честитам на сите избрани, особено на младата екипа, на која особено ѝ се радувам. Верувам дека имаме многу добро конципирана изборна програма и дека успешно ќе соработуваме. Па и половина од замисленото да го направиме, соработувајќи во рамки на Друштвото, со особен обѕир кон членовите надвор од Скопје, како и од заедниците – ќе биде одлично“, изјави новата претседателка на Друштвото во своето кратко обраќање до членството.

Новото раководство на Друштвото на писателите на Македонија треба наскоро да ја одржи својата конститутивна седница, на која ќе се избере потпретседател на ДПМ.

ДПМ како некогаш СКМ — ќе бира претседател од еден кандидат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот