Фатмир Дехари Фото: Фејсбук Дехари

Нова кривична за ексградоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Уште една кривична пријава за поранешниот градоначалник на општина Кичево, Фатмир Дехари.

И овојпат кривичната е за злоупотреба на службената положба и овластувања. Според ОВР Кичево, Дехари заедно со уште четири лица се гонат за перење пари.

„Првопријавениот Ф.Д. во својство на градоначалник на Кичево, во периодот од 2021 до 2025 година, свесно и со умисла, постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи и непостапувајќи согласно Законот за локална самоуправа, склучил договор за вработување со останатите пријавени лица. Потоа, со пропуштање на должен надзор, свесно им дозволил да не доаѓаат на работа и да им бидат исплаќани плати, други надоместоци и придонеси од општинската каса и по истекот на законскиот рок не им го прекинал работниот однос. На тој начин, Ф.Д. во посочениот временски период, го оштетил буџетот на општина Кичево во износ од 130.000 евра и дозволил, другите пријавени лица да се стекнат со вкупна материјална корист во износ од околу 86.000 илјади евра од кои, секој засебно и на своја сметка, примиле различна сума пари, иако знаеле дека се добиени по сторено казниво дело“ соопшти СВР Охрид.

Наводните бакнежи на Дехари предизвикаа гадење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот