НОВА ХАЈКА по чудовиштето од Лох Нес

лох нес

Неодамна излезе теорија која го сруши митот за постоењето на чудовиштето од Лох Нес, но тоа воопшто не им се допадна на љубителите на теории на заговор.

Затоа, околу 18.000 Британци, преку група на Фејсбук, се организираат на 21 септември да започнат најголема потрага по Неси досега.

Уште 38.000 луѓе се заинтересирани за овој настан. Сепак, ваквата акција ги крена на нозе Кралските служби за спасување.

Низ историјата, илјадници авантуристи и истражувачи се обидуваат да ја пронајдат Неси во познатото езеро. Постојат дури и очевидци кои се сигурни дека го виделе чудовиштето, а низ времето се појавија и фотографии, чија автентичност подоцна е демантирана.

Неодамна, група научници, преку ДНК-анализи на примероци од водата во Лох Нес, покажаа постоење на јагули кои може да пораснат неколку метри (поради мутација). Но, доказ за постоење на вид кој не ѝ е познат на науката, не е пронајден.

https://www.slobodenpecat.mk/reshena-misterija-nauchniczite-smetaat-deka-konechno-ja-otkrija-vistinata-za-nesi/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот