Нова алтернатива за завршување на фудбалската сезона во Италија

фото: твитер

Фудбалската федерација на Италија соопшти дека 20 август е краен рок за завршување на натпреварувачката сезона 2019/2020…..

Сите натпреварувања во Италија се во прекин од средината на март поради пандемијата на коронавирус, а на состанокот на кој присуствуваа водечките луѓе од сите фудбалски организации, донесена е одлука за завршување на сезоната во трите највисоки рангови.

Исто така, повторно беше земена во предвид можноста натпреварувањата завршат со плеј-оф, доколку има нови прекини. Крајниот рок за завршување на сезоната е 20 август, така што следната сезона (2020/2021) би можела да започне веќе на 1 септември.

Доколку дотогаш натпреварите не можат да се играат и преку плеј-офот, конечното рангирање ќе се утврди врз основа на состојбата на табелата, со применување на објективни коефициенти за корекција. Ова значи дека ќе бидат земени предвид различен број на одиграни мечеви, што може да влијае на промоција или испаѓање на клубот. Не е наведено дали би бил прогласен шампион во Серија А.

Новиот состанок е закажан за 28 мај, а на истиот ќе присуствува и Министерот за спорт, Винченцо Спадафора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот