Нов тренд: Земаат кредити за да купуваат злато

Златен накит, Фото: Архива

Земањето банкарски кредити со субвенционирани трошоци за купување злато стана „нов тренд“ во Турција.

Турците сметаат дека поради преовладувањето на негативните реални девизни курсеви можноста за вложување се „стесни“, а на златото гледаат како на сигурно пристаниште, се вели во информациите кои ги пренесува „BlumbergHT“.

– Падот на каматите на потрошувачките кредити исто така влијае граѓаните да се свртат кон златото, вели Акиф Туркер, златар на Гранд Базар во Истамбул.

Тој додава дека граѓаните почнале да купуваат злато кога цената изнесувала 300 илјади лири за килограм, а сега таа изнесува 400 илјади.

Друг златар, Мехмет Али Јилдиримтурк раскажува дека граѓаните постепено го продаваат златото кое го купиле евтино, а чија цена меѓувреме скокна, со цел да ги отплатат ратите на кредитите во банка.

Се проценува дека Турците имаат повеќе од 5.000 тони злато. Количината на овој вид девизно штедење не е позната, се вели во извештајот на „BlumbergHT“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот