Нов тренд, фудбалери масовно стануваат државјани на Гана само за да играат на СП

Калум Хадсон Одои ја продолжува кариерата во Баер од Леверкузен/фото: EPA-EFE/Tim Keeton

Во последните неколку месеци, африкански фудбалери масовно земаат државјанство од Гана само за да играат на Светското првенство што од 21 ноември до 18 декември треба да се одржи во Катар.

Последни фудбалери што „се сетиле“ дека имаат претци во Гана, се фудбалерите кои настапуваат во Премиер лигата: Тарик Лампти од Брајтон, Калум Хадсон Одои од Челси и играчот на Арсенал, Еди Нкетија како и браќата Ињаки и Нико Вилијамс кои играат за екипата на Атлетик Билбао.

Браќата Вилијамс моментно се наоѓаат во Гана каде започнаа процедура за добивање на пасош на оваа земја со надеж дека ќе заиграат на Мундијалот во Катар.

Причината за ваквиот потег на фудбалерите, е поради тоа што не добиваат можност да заиграат за европските репрезентации.

Инаку, Вилијамс во минатото неколку пати изјави дека повеќе се чувствува како Шпанец отколку како државјанин на Гана, а притоа има одиграно и еден натпревар за селекцијата на Шпанија.

Калум Хадсон Одои наводно е фрустриран бидејќи англискиот селектор Герет Саутгејт не му даваше шанса да настапи за „Гордиот Албион“.

Лампти нема шанси да заигра за англиската репрезентација бидејќи конкуренти на десната бековска позиција му се Трент Александер-Арнолд, Рис Џејмс, Кајл Вокер и Киран Трипие. Сличен е примерот и со Нкетија кој не може да се надева на место во нападот покрај Хари Кејн.

Доколку Гана успее да ги добие сите овие играчи, сигурно ќе има респектабилна репрезентација на Мундијалот во Катар во која сега главната улога ја имаат Томас Парти од Арсенал, браќата Ајец, како и Кудус од Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот