Нов скандал во Италија, во центарот на вниманието Пјаниќ и Јувентус! (ВИДЕО)

фото: твитер

Во центарот на вниманието се најде судијата Даниеле Орсато, кој не му даде црвен картон на Миралем Пјаниќ во тој натпревар после груб прекршок.

Фудбалскиот клуб на Јувентус повторно е на удар, а и претходно многупати „Старата дама“ ја обвинуваа за мешање во регуларноста на натпреварувањето.

Медиумите на Апенините објавија изјава на поранешниот шеф на обвинителството на фудбалската федерација Италија во врска со мечот меѓу Интер и Јувентус, кој екипата од Торино го доби со 3:2.

Во центарот на вниманието се најде судијата Даниеле Орсато, кој не му даде црвен картон на Миралем Пјаниќ во тој натпревар после груб прекршок.

Откако се консултираше со ВАР собата, се извлече репрезентативецот на на Босна и Херцеговина, а многумина веруваат дека токму на овој натпревар, со таа победа во Милано, Јувентус дојде до титулата пред Наполи.

Шефот на Обвинителството, Џузепе Пекораро поднесе оставка минатата, после притисокот испитана е ситуацијата, но главниот проблем беа видео материјалите.

Баравме аудио и видео материјали помеѓу ВАР собата и судијата Орсато, но материјалите ги добивме дури на почетокот на следната сезона. Кога проверивме, сè беше таму освен единственото нешто што ни беше важно, а тоа е разговорот меѓу Орсато и ВАР судијата што доведе до тоа Пјаниќ да остане на теренот. Причината? Ми рекоа дека го немаат тој дел – рече Пекораро.

Јувентус на тој начин повторно е во центарот на вниманието, а честопати им се забележува дека имаат помош од судиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот