Нов пар на македонската естрада? Летаат љубовни стрели помеѓу Ноне Неделковска и нејзиниот помлад колега Огнен Здравковски (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Има една стара македонска поговорка, која гласи: „Каде што има дим, таму има и оган“. Епа, очигледно така  може да се објасни ситуацијата помеѓу младиот пејач Огнен Здравковски и неговата повозрасна колешка, познатата Ноне Неделковска.

За тие што не знаат, Ноне поради пандемијата со коронавирусот која хара низ целиот свет, мораше да ја прекине својата авантура со крузерите и да се стационира во родниот Велес.

Бидејќи таа е веќе неколку месеци дома и чека да заврши лудилото со вирусот, повеќето од своето слободно време го поминува на социјалните мрежи. Па, ако ги посетите нејзините профили на Фејсбук, а особено на Инстаграм она што прво ќе го забележите под фотографиите, се љубовните коментари на младиот Огнен.

Тој речиси не пропушта прилика, а да не искоментира на фотка од Ноне, а на една од фотографиите тие водат љубовна конверзација, која започнува вака:

Огнен: „Тој осмех“

Ноне: „Волим осмех свој, баш добро ми стоји“

Огнен  „И ја га волим и прекрасно ти стоји“

Станува збор за оваа фотографија на познатата пејачка:

Фото: Принтскрин

Ова не е единствена фотографија на која Огнен и Ноне си разменуваат „срциња“, „јагоди“, „детелини“, „бакнежи“ и што ли уште не…

Пријател на пејачот кој од разбирливи причини сакаше да остане анономен, ни изјави дека Огнен е буквално „полуден“ по Ноне.

– Кога и да разговарам со него, тој постојано зборува за Ноне, мислам дека не ја вади од глава. Јас искрено мислам дека ќе се случи нешто помеѓу нив двајца – наскусо ни изјави пријателот на Здравковски.

Дали е на повидок нова љубовна романса на македонската естрада, останува времето да покаже…

Инаку пејачот Огнен на денот кога ја промовираше својата најнова песна „Љуби ме“,  на јавноста и соопшти дека добил позитивен резултат на коронавирусот.

Ова е неговата најнова песна:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот