Нов хакерски напад во Украина, овој пат мета Министерството за надворешни работи

Фото: МИА

Неидентификувани хакери денеска накратко упаднаа во веб-страница на Министерството за надворешни работи на Украина на неколку часа, соопшти Министерството, во услови на зголемени тензии меѓу Киев и Москва поради масовното трупање руски сили во близина на нивните граници, пренесува Ројтерс.

Веб-страницата Украина.уа, која има за цел да ја промовира земјата меѓу странците, подоцна беше обновена. Министерството не даде повеќе детали.

Во средината на јануари, моќен сајбер-напад погоди околу 70 интернет страници на украинската влада и регионалните тела. Ги предупреди Украинците „да се плашат и да го очекуваат најлошото“ додека земјата се подготвува за можен руски напад.

Украина верува дека Русија на крајот стои зад тој сајбер напад. Москва негираше каква било одговорност.

Голем хакерски напад врз Украина: Дали е ова увертира за руски напад?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот