Нов доказ за брзите климатски промени: Се оддели голем дел од глечер на Гренланд

Фото: EPA-EFE/Ida Guldbaek Arentsen DENMARK OUT

Голем дел од глечер на Гренланд, што е проценет на 110 квадратни километри, се оддели на далечниот североисток на Арктикот, објавија научници, според кои, тоа е уште еден доказ за брзите климатски промени.

Дел од глечерот се оддели во фјордот Њогхалфвјердсфјорден, долг околу 80 километри и широк околу 20 километри, соопшти денеска Националниот геолошки институт на Данска и Гренланд, пренесува вијести.ме.

Годишното топење на најголемиот арктички појас со мраз на североисточен Гренланд се мери со оптички сателити. Тие покажуваат дека секоја од загубените површини во последните две години минале по 50 квадратни километри.

Појасот од мраз од 1999 година загуби 160 квадратни километри што, колку за илустрација, е двапати поголема површина од Грција.

– Треба да бидеме многу загрижени за нешто што изгледа дека прогресивно исчезнува најголемиот леден гребен на Арктикот“, вели научникот Џејмс Букс.

– Уште едно масивно парче од виталниот морски мраз падна во океан. Тоа е уште еден знак за предупредување што ја означува климатската криза во Арктикот кој брзо се загрева“, рече портпаролката на „Гринпис“, Лаура Мелер која се наоѓа на бродот Арктик Санрајс“ на раб на морскиот мраз.

Студија на „Гринпис“ што беше објавена во август покажа дека Гренланд загубил рекордна количина на мраз во 2019 година, со толку големо топење што би можело да ја прекрие Калифорнија со 1,25 метри вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот