Нов бизарен и опасен тренд на социјалните мрежи: Јадат сурово и расипано месо

unsplash

Луѓето започнаа да практикуваат нов, бизарен тренд, за кој лекарите предупредуваат никако да не го испробувате, бидејќи може да биде навистина опасен.

Овој пат, на социјалните мрежи се појави нов тренд – јадење сурово и расипано месо.Поддржувачите на оваа бизарност велат дека им помага да се „опуштат“ и дека тоа е најдобриот лек за депресија.

Предизвикот е да се остави парче сурово месо во тегла неколку недели или месеци. Кога месото ќе создаде слуз, мувла или ќе ја промени бојата во сиво-кафеава, имено тогаш е време да се консумира.

Корисниците на Твитер велат дека овој опијат им помага да се чувствуваат подобро, а лекарите апелираат да не го прават тоа.

Докторката Сара Џарвис за британскиот портал „The Sun“ вели дека овој тренд предизвикува опасни цревни вируси, повраќање, дијареја, треска и дехидрираност, а може да предизвика и салмонела, листерија и ешерихија коли – сите бактерии кои се уништуваат со термичка обработка на месото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот