Нов астролошки аспект: 4 хороскопски знаци ќе доживеат фатална љубов, а некои ќе влезат во тајна врска

хороскоп
Фото: Unsplash

Почетокот на март носи фатална љубовна енергија. Астролошки, планетите Марс и Венера градат конјукција со Плутон и сите хороскопски знаци ќе почувствуваат ерупција на страст, но некои ќе се соочат со најразлични опасности кога станува збор за љубовта.

Конјукцијата на Марс, Венера и Плутон не е добар аспект, бидејќи може да не одведе во погрешна насока. Со овој аспект во љубовта ќе привлекуваме опасни и проблематични луѓе, а можно е и влегување во забранети врски.

Постои голем ризик на полето на емоциите, особено ако не сте во врска. Оние кои имаат партнер, во овој период ќе имаат голем наплив на страст, големи изливи на љубов, но и зголемена љубомора.

Сезоната на Рибите мачна за пловење: Овие хороскопски знаци ги очекува тежок месец

Овој аспект може да донесе и насилство, вознемиреност и напади – и психички и физички, затоа во овој период избегнувајте ги сите непријатни ситуации доколку љубовните врски се разнишани и нестабилни.

Оваа конјукција на Марс, Венера и Плутон лошо ќе влијае на Ракот, Вагата и Овенот, па затоа сите кои се во нестабилни врски, бракови треба да внимаваат, да избегнуваат конфликти и расправии.

Ова е период на љубомора, големи расправии и потенцијално психичко вознемирување, затоа бидете внимателни. Не е време за раскинување или развод, бидејќи сето тоа може да кулминира со гнев. Ако сте решени да ја прекинете врската, направете го тоа во мирно.

Младата Месечина ни носи нов аспект од личната слобода: Будност и мир во себе и светот

Во подобра ситуација ќе бидат Скорпиите, Рибите, Биковите и Девицата. Под овој аспект, тие можат да запознаат фатална личност, со која уште на самиот почеток ќе бидат присутни искри на страст. Овој аспект носи вљубувања и можност за влегување во врска.

Близнаците, Лавот, Стрелецот, Водолијата во помала мера ќе го почувствуваат овој аспект. Стрелците и Лавовите можат да влезат во тајна или паралелна врска со зафатена личност од овој аспект. Но, бидете внимателни – овој пат „туѓото послатко“ може да ве чини многу.

Водолијата и Близнаците повеќе ќе бидат погодени од овој аспект на финансиите, работата, работната средина… Исто така, можно е да имаат личност која ќе сака на некој начин да им ја „купи“ љубовта и наклонетоста. Бидете внимателни – пред да
донесете каква било одлука, размислете три пати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот