Норвежаните ќе го бојкотираат Мундијалот во Катар!?

Фото: EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Еден од најпознатите норвешки клубови Розенборг повика на бојкот на следното Светско првенство кое ќе се одржи во Катар 2022 година! А причината е кршење на човековите права во таа земја.

Уште четири клуба побараа од првите луѓе на норвешкиот фудбал да го бојкотираат Мундијалот доколку нивната репрезентација се квалификува на тоа натпреварување.

– Веруваме дека, доколку Норвешка се квалификува, мора да го одбиеме патувањето во Катар – беше објавено од Тромсо, еден од норвешките клубови.

Од претходно веќе е објавено дека повеќе од 6.500 странски работници го загубиле животот за време на изградбата на објекти и друга инфраструктура за СП во Катар.

Оваа тема би можела да биде предмет на состанокот во Фудбалската федерација на Норвешка на 14 март годинава, доколку неколку други клубови од најсилната лига се решат да повикаат на бојкот на Светското првенство.

Генералниот секретар на норвешката фудбалска федерација на Норвешка претходно објави дека бојкот ќе доведе до загуба од скоро 10 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот