Норвешка одбележува 10 години од масакрот на островот Утоја
Норвешка денеска ја одбележува 10-годишнината од масакрите во Осло и на островот Утоја, кога антимигрантскиот екстремист Андерс Беринг Брејвик уби 77 лица.
Масакрот на Утоја се смета за најлош чин на насилство во оваа земја уште од Втората светска војна.
Препорачано
Брејвик прво активираше автомобил-бомба пред канцеларијата на премиерот во Осло, каде загинаа осум лица, а потоа заминал до островот Утоја каде застрела 69 лица, кои беа во младински летен камп.
Комеморативната церемонија ќе се одржи пред поранешната канцеларија на премиерот во Осло, која по нападот остана како урнатина поради несогласувањата околу нејзиното реновирање.
На комеморативната церемонија ќе присуствуваат премиерката Ерна Солберг, преживеаните од настанот и роднините на жртвите.
Андерс Беринг Брејвик издржува затворска казна од 21 година, која може да биде продолжена доколку и натаму се смета за закана за општеството.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
25мин
-
34мин
-
35мин
-
52мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


