Фото: Миа.мк

Нормализиран сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје кај Требошки надвозник кој беше во прекин поради сообраќајка

Сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје во близина на Требошки надвозник каде поради сообраќајка која се случи доцна попладнево не се пропуштаа возила, туку истите се пренасочуваа по стариот пат за тетовско Желино, од 20 часот и 30 минути е нормализиран за сообраќај.

Инаку денеска околу 18 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Скопје-Тетово, во близина на Требошки надвозник, се случила сообраќајна несреќа, во која учествувале две патнички моторни возила.

„Во несреќата учествувале “ауди” со тетовски регистарски ознаки управувано од 20-годишниот Ќ.Р. од тетовско Седларево и “фолксфаген голф” со кичевски ознаки што го управувал 64-годишниот А.Р. од Кичево.Во несреќата, 4 лица (сопатници) од “голфот” задобиле телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.На местото на несреќата увид изврши екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, а сообраќајот до пред час и половина се пренасочуваше по стариот пат за тетовско Желино, но сега е нормализиран и автопатот е целосно прооден,“ соопшти за Слободен печат портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот