Фото: Норис и Пјастри/McLaren

Норис со првата титула во кариерата заработи и вистинско богатство

Ландо Норис денеска ја освои првата титула во Формула 1 во својата шестгодишна кариера, откако на последната трка од сезоната во Абу Даби заврши како третопласиран зад Макс Ферстапен и Оскар Пјастри.

Во драматичната завршница на шампионатот, Норис за само два бода го остави Ферстапен зад себе и ја обезбеди шампионската круна.

Паричната награда од организаторот, сепак, не оди директно кај Норис, туку кон тимот Мекларен, кој за освојувањето на првото место доби 140 милиони долари.

За Норис, пак, оваа сезона ќе заврши со вкупно 47 милиони долари на сметката, сума која ги вклучува неговата плата и бонусот за шампионската титула што му го додели Мекларен.

Преземено од: Спорт.ком.мк

ВИДЕО: Норис слави во Абу Даби – со трето место до прва титула во Формула 1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот