ВИДЕО: Норис слави во Абу Даби – со трето место до прва титула во Формула 1
Макс Ферстапен триумфираше на последната трка од сезоната во Формула 1 во Абу Даби, но шампионската круна сепак заврши кај Ландо Норис – за него прва во кариерата.
Препорачано
Холанѓанецот доминираше и од почетокот до крајот не ја испушти водечката позиција, но тоа не му беше доволно за титулата. Норис со третото место ја осигура предноста во генералниот пласман и со два бода му „избега“ на Верстапен.
Во раните кругови имаше кратка драма кога возачот на Мекларен падна до петтата позиција, но брзо се врати во ритам и до крај сигурно го контролираше третото место. Неговиот тимски колега Оскар Пјастри, кој исто така дојде во Абу Даби со математика за титула, заврши втор, а во сезонскиот пласман остана трет, зад Норис и Верстапен.
The moment of glory 🏆#F1 #AbuDhabiGP pic.twitter.com/GJZJQ1oKnZ
— Formula 1 (@F1) December 7, 2025
Шарл Леклер се обиде да ја расипе стратегијата на Британецот со агресивни напади, но Норис возеше зрелo и не дозволи грешка што би го симнала од подиумот.
За Верстапен ова беше осма победа годинава, додека Норис остана со седум, нo сепак за два бода повеќе ја освои титулата.
Преземено од: Спорт.ком.мк


