НЛБ банка пријави добивка од 33 милиони евра во првите девет месеци од годинава, 21% повеќе од лани

НЛБ Банка Скопје/ Фото : Архива

НЛБ Банка денеска објави дека го завршила третиот квартал од годината со нето добивка од 33 милиони евра, што претставува зголемување од 21 процент во однос на претходната година, а во тој период ја зголемила кредитната поддршка за населението и домашниот бизнис сектор за 3,8 проценти.

Вкупните кредити што банката ги пласирала кон населението и бизнис секторот достигнале вредност од 1.107 милиони евра.

-Растот на кредитирањето во најголема мера се должи на порастот на кредитите од седум проценти во сегментот домаќинства, додека кредитирањето кај правните лица бележи намалување од 2,6 проценти. Вкупните депозити на банката се намалени за 1,2 проценти, соопшти НЛБ Банка.

Очекувањата на Банката се дека во наредниот период ќе се одржи макроекономската стабилност на земјата како предуслов за натамошен развој. Најавува дека ќе продолжи да обезбедува кредитна поддршка за населението и приватниот сектор што ќе има значаен придонес во целокупниот макроекономски и финансиски амбиент на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот