Њујорк Тајмс: Американски командоси се во Израел за да помогнат во лоцирањето на заложниците држени во Газа

Војници на САД EPA/MACIEJ KULCZYNSKI POLAND OUT

Американски командоси се во Израел за да помогнат во напорите за лоцирање на заложниците кои се држат во Газа од нападот на Хамас на 7 октомври, пишува Њујорк Тајмс.

Во извештајот се цитира Кристофер П. Мајер, помошник секретар за одбрана.  – Ние активно им помагаме на Израелците да направат голем број работи, вели тој.

Мајер изјави дека главната задача е да се помогне при „идентификување на заложниците, вклучително и американските заложници. Навистина е наша одговорност да го сториме тоа“.

Официјални лица кои побарале да бидат неименувани, за Њујорк Тајмс изјавија дека се испратени неколку десетици американски припадници на силите за специјални операции, покрај тимот кој веќе бил во Израел на обука. Покрај помошта за лоцирање на заложниците, американските трупи ќе се користат и за евакуација и за обезбедување на амбасадите во регионот доколку е потребно.

Во написот се тврди дека неколку западни земји тајно ги преместиле своите специјални сили поблизу до Израел за да помогнат во потенцијалното спасување на заложниците или за големи евакуации од Израел или Либан доколку борбите се прошират.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот