САД полиција/ Фото: Steve Welsh / Alamy / Profimedia

Њујорк: Полицијата го затвори „Тајмс Сквер“, граѓаните беа советувани да ја избегнуваат областа

Полициската управа на Њујорк денес издаде предупредување до граѓаните да ја избегнуваат областа на познатиот плоштад „Тајмс“ поради „активна полициска истрага“.

Во соопштение објавено на социјалната мрежа „Икс“, делот од Седмата авенија помеѓу 42-ра и 44-та улица, вклучувајќи го и аголот на 43-та улица, каде што се наоѓа канцелариската зграда на „Тајмс Сквер“ со број 3, е затворен.

На работниците во таа зграда им беше наредено да се оддалечат од прозорците, додека многумина беа преместени на приземјето од зградата.

На терен има бројни возила на службите за итни случаи, а сообраќајот во околните улици е забавен.
Овој дел од Менхетен е вообичаено еден од најпрометните во градот, особено за време на утринскиот шпиц.

Полицијата сè уште не објавила дополнителни детали за природата на истрагата, а извештаите за потенцијални закани сè уште не се потврдени.

Некои медиуми објавија дека Тајмс Сквер бил евакуиран попладнево поради закана од бомба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот