Низ седум општини ќе бидат поставени специјални контејнери за одлагање на отпадот од Курбан Бајрам
Во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, денеска ќе бидат поставен специјални контејнери за одложување на органскиот отпад од курбанот, информираа од ЈП „Комунална хигиена-Скопје“.
Препорачано
Садовите ќе бидат поставени во текот на денешниот ден, по 14:00 часот.
-ЈП „Комунална хигиена-Скопје“ апелира до верниците органскиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што неговото исфрлање на јавни површини може сериозно да го загрози јавното здравје и да ја загади животната околина- се наведува во соопштението.
Подолу можете да ги видите локациите каде што ќе бидат поставени контејнерите за одлагање органски отпад:
1. Општина Шуто Оризари – автобуска станица на последна 19-ка; кај маркет Харбин.
2. Општина Бутел – во близина на џамијата Бедр – Бутел 1.
3. Општина Гази Баба – гробишта Камник;во непосредна близина на џамијата во нас.Ченто.
4. Општина Чаир – во близина на ресторанот Фа-Фа; во близина на новата џамија во Чаир;во близина на џамијата во Тенеке маало; во близина на Теќето во Дуќанџик; раскрсница на булеварот „Адем Демачи“ со улицата „Дижонска“; раскрсница улица „Џон Кенеди“ со улица „22 Ноември“.
5. Општина Сарај – кај езерото Треска.
6. Општина Арачиново – на излезот, во близина на гробиштата.
7. Општина Студеничани – во село Студеничани; во село Моране и во село Батинци.


