Низ целиот свет умираат луѓе од коронавирус, а тие зборуваат за 100, 150 милиони евра

epa09109148 Germany's Robin Gosens in action during the FIFA World Cup 2022 qualifying soccer match between Germany and North Macedonia in Duisburg, Germany, 31 March 2021. EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Фудбалерот на Аталанта, Робин Госенс им се приклучи на критичарите на Суперлигата, но прита германскиот репрезентативец ги „закопа“ 12. клубови кои го формираа новото натпреварување.
– Низ целиот свет луѓето умираат од коронавирусот, а на нив им се малку пари, зборуваат за 100 или 150 милиони евра. Мораме да се запрашаме дали е тоа етички. Тажно е сè да се врти исклучиво околу парите. Штетата ќе биде многу голема, но се надевам дека навивачите ќе се побунат против ова, а јас ќе бидам меѓу нив – вели Госенс кој додава:

– Можноста некој аутсајдер да освои нешто е основата на фудбалот. Доколку ја направат Суперлигата во која Арсенал и Тотенхем влегуваат без никакви спортски заслуги, фудбалот ќе ја загуби суштината. Се надевам дека сите сфаќаат оти ова ќе го промени фудбалот кој повеќе нема да биде ист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот