Ниту еден фудбалски клуб од Трета лига не е купен од бугарската фондација, потврдија од ОФС Кочани

принтскрин/youtube

Општински фудбалски сојуз Кочани кој е надлежен за напреварите во Третата македонска фудбалска лига – Исток ги демантира промените за сопственичката структура на кој било клуб што е член на лигата. Тие за „Слободен печат“ изјавија дека нема значајни промени во структурата на играчите, а ниту во сопственичката структура .

Оваа изјава доаѓа по последните тврдења на претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов кој изминатиов период вели дека купил македонски клуб од Трета лига, но не сакаше да го открие името, само најави дека ќе биде преименуван во „Јунак“.

Во интервју за бугарски медиум тој изјави дека намерно нема да го каже името на тимот, а седиштето на тимот е близу до бугарската граница.

Да, можам да кажам дека веќе имаме тим! Процесот е тежок бидејќи не можам да одам во Северна Македонија, испраќам луѓе кои ги водат преговорите, го фотографираат стадионот, се среќаваат со играчите, управата и тренерот. Имаме уште една средба следната недела. Законски, следната недела во тимското здружение ќе има наш претставник кој ќе биде директор, а сегашниот директор ќе стане заменик директор . Работите и чисто законски доцнат, бидејќи екипата е регистрирана како здружение, а не како компанија, но за Втората лига ќе треба да ја регистрираме како фирма – изјави Стојанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот