Александар Николоски / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Николоски вели дека немаме проблем со керозин, сме имале резерви за 90 дена

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски вели дека нема проблем со снабдување со керозин и дека „имаме резерви за 90 дена иако законски мора да имаме за 60 дена“. Тој додаде дека и покрај кризата се отвораат пет нови дестинации од охридскиот и скопскиот аеродром.

„Со керозин покрај тоа што се снабдуваат скопскиот и охридскиот аеродром, се снабдува целосно аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш. Успеавме Скопје да го направиме центар на четири аеродроми кои што прават снабдување од тука. Имаме резерви на керозин за 90 дена, законски е 60 дена, така што немаме никаков проблем со снабдување“, рече Николоски во гостувањето во поткастот „Ноќно студио“.

Дури во услови кога се најавуваат откажување на летови, ние во тек на месец јуни планираме пет нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром, додаде Николоски.

„Аустриа ерлајнс ќе почне да лета Виена до Охрид за првпат. Визер ќе лета од Охрид до Краков и до Вроцлав и имаме две одлични туристички дестинации од скопскиот аеродром, едната е Палермо- Сицилија, другата е Алгеро-Сардинија – истакна Николоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот