Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Николоски најави дата-центри во Македонија — законските измени се во завршна фаза

Во завршна фаза се законските измени што треба да овозможат изградба на дата-центри во Македонија, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

– Со развој на вештачката интелегенција и целосната револуција што му се случува на светот во насока на вештачката интелегенција, дата-центрите стануваат нивна неопходност и поддршка. Македонија тука треба да води паметна политика и да привлече инвеститори кои ќе инвестираат во големи дата-центри. За да го овозможиме тоа потребни се законски измени за урбанизирање вакви центри и начин на нивна градба. Планираме да се направи тоа централизирано и во рамки на Владата да се води целиот процес со цел кога ќе доаѓаат потенцијалните инвеститори да имаат веќе спремни локации и проекти на кои ќе можат да инвестираат. Тоа ќе значи стотици милиони евра за Македонија, нови вработувања и раст на БДП. За таа цел правиме измени во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење кои се во финална фаза со кои што овозможуваме дата-центри да се градат во Македонија на организиран начин и тоа да значи нови инвестиции, нови работни места и раст на БДП, како и да ги следиме светските трендови во развојот на вештачката интелегенција – изјави вицепремиерот Николоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот