Николас Џексон нема да остане во Баерн и ќе се врати во Челси
Фудбалскиот клуб Баерн Минхен блеска на сите полиња оваа сезона, тимот на Венсан Компани изгледа како вистинска „машина“, но сепак има „делови“ со кои клубот не е задоволен и ќе ги промени во текот на летото.
Препорачано
Сенегалскиот напаѓач Николас Џексон не ја искористи својата шанса во германскиот гигант, па Баерн нема да го искористи правото да го откупи неговиот договор од Челси.
Џексон пристигна во Минхен како позајмен играч од Челзи на крајот од летниот преоден рок во 2025 година, со цел да биде алтернатива на Хари Кејн. Учинокот на Џексон беше 10 гола и четири асистенции во 29 натпревари, но Баерн верува дека тој не е „вистинскиот“ и дека не вреди 65 милиони евра колку што чини неговата откупна клаузула.
– Не, дефинитивно нема да ја искористиме опцијата да го купиме Николас Џексон – изјави спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, за ЗДФ по спектакуларната победа од 4-3 над Мајнц во Бундеслигата.
Џексон може да ја заврши својата позајмица во Баерн со три трофеи. Тој веќе ја освои Бундеслигата, Баерн ќе игра против Штутгарт во финалето на Купот на Германија, додека во полуфиналето на Лигата на шампионите за противник го имаат Пари Сен Жермен.


