Никола Пелц за гласините дека се скарала со Викторија Бекам: Сè е поради венчаницата

бруклин бекам
Бруклин Бекам и Никола Пелц / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Никола Пелц проговори за гласините дека имала расправија со Викторија Бекам, мајката на нејзиниот сопруг Бруклин, со кој се омажи на почетокот на оваа година.

Додека семејството Пелц-Бекам првично молчеше за овие шпекулации, Никола сега за „Variety“ откри дека мисли дека гласините произлегуваат од фактот дека таа не избрала дизајн на венчаница со потписот на Викторија, туку од модната куќа Валентино.

„Планирав и навистина сакав да носам нејзина венчаница, но по неколку месеци таа рече дека нејзиното ателје не може да го направи тоа, па морав да изберам друг фустан“, рече Никола која на крај носеше креација од модната куќа Валентино.

„Таа не кажа дека не смеам да носам нејзина венчаница, ниту јас реков дека не сакам да ја носам. Оттаму почна сè“, објаснила таа.

Бруклин, синот на Дејвид и Викторија Бекам, исто така, ја коментираше наводната семејна драма.

„Научив дека секогаш ќе се обидуваат да пишуваат такви работи“, рече тој за бројните написи во медиумите. „Тие секогаш ќе се обидуваат да ги понижат луѓето. Но, сè е во ред, сите добро се сложуваме“, додаде тој.

Што се однесува до Бруклин (23) и Никола (27), нивната врска не може да биде посилна. Како што изјави Никола за „Variety“ тие се позаљубени од кога било.

Викторија Бекам не ја поднесува сопругата на нејзиниот син Бруклин?

Да потсетиме дека „Page Six“ претходно пишуваше дека можната причина за нарушените односи меѓу дамите е тоа што Никола е љубоморна на вниманието кое секогаш го добива Викторија, поради што ја исклучила од свадбените подготовки што се одржаа во април оваа година на Палм Бич, Флорида. Венчавката се одржа на имотот на семејството Пелц, а за неа наводно биле потрошени вртоглави суми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот