Никола Пелц за „деловните обиди“ на нејзиниот сопруг: Чувствуваше притисок

Никола и Бруклин Бекам / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Никола Пелц Бекам, сопругата на најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, се осврна на неговата кариера откривајќи досега помалку познати детали.

Имено, пред да ја „пронајде својата страст во кујната“, Бруклин Бекам бил под притисок поради неговото познато презиме и се „пробувал“ на различни терени.

Отпрвин се надевал дека ќе стане професионален фудбалер, исто како и неговиот татко Дејвид, но неговите соништа биле уништени од младинскиот тим на лондонскиот клуб Арсенал пред да наполни 16 години. Потоа, тој почна да се занимава со фотографија и манекенството, а неговата сопруга рече дека Бруклин „чувствувал голем притисок да ги задоволи луѓето со својата кариера“, што не му се допаднало.

Никола верува дека неговиот вистински повик е готвењето и шоуто „Cookin’ with Brooklyn“, што младиот Бекам го започна за време на пандемијата.

„Може да се каже дека Бруклин е во рајот кога е во кујната. Уште од пандемијата, сè за што сакаше да зборува беше поврзано со кујната, па еден ден почнав да го снимам. Му реков: „Ова е она што го сакаш“, раскажа 27-годишната актерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham

;

Таа исто така истакна дека Брукилн има блиски односи и со нејзиниот татко, бизнисменот и милијардер Нелсон Пелц и дека често го прашува за совет.

„Сакам да го гледам како учи од татко ми“, додаде таа.

Никола се осврна и на својата кариера, а како вљубеник во изучувањето на драмата, истакна дека им ветила на родителите дека „нема да дозволи одбивањето да ја вознемири“.

„Сум слушнала „не“ милион пати“, рече таа, „Во мојата младост поставив таков ѕид наспроти неуспехот што некако станав робот кој повторуваше: „Во ред, ми рекоа „не“, продолжуваме!“… Не е лесно, но морате да ѝ посакате најдобро на другата личност што ќе ја добие улогата“, рече таа, додавајќи дека се води од фактот дека „нема да ја заобиколи она што ѝ е предодредено“.

Никола ја имаше својата прва улога во претставата „Blackbird“, а оттогаш глуми во „Age of Extinction“ и хорор серијата „Bates Motel“. Таа моментално работи на „Loli James“, претстојната драма што ја напишала, режирала и во која ќе глуми.

Младиот пар се венчаше во април, а на раскошната венчавка одржана на имотот на Никола од 103 милиони долари присуствуваа многу познати личности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот