Никола Митревски блескаше во победата на Порто против Брага

Никола Митревски/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонскиот репрезентативец Никола Митревски имаше клучен придонес во новиот триумф на Порто во новиот натпревар од португалскиот ракометен шампионат.

Нашиот чувар на мрежата запиша 13 одбрани во победата остварена на гостински терен против Брага со конечен резултат 26:24.

Прв стрелец на дуелот во победничките редови беше Николај Кристенсен со девет погодоци, а на спротивната страна еден гол повеќе имаше Винисиос Карваљо.

На табелата Спортинг е првопласиран со 39 бодови, четири повеќе од второпласираниот Порто, следуваат Бенфика (31) и Брага (27).

Во следното коло е дербито во првенството на 27 април помеѓу екипите на Порто и Спортинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот