Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Никола Јокиќ го престигна Мајкл Џордан на вечната НБА листа

Кошаркарите на Денвер нагетс ги победија Шарлот хорнетс на гостински терен во НБА лигата со конечен резултат 115:106.

Покрај победата на тимот од Колорадо, овој натпревар ќе биде обележан и со ново достигнување на српскиот центар на Нагетс, Никола Јокиќ.

Јокиќ не го забележа својот 12 трипл-дабл во сезоната за време на овој меч, му недостасуваше еден скок, постигнувајќи 28 поени и запишувајќи 11 асистенции, но затоа испиша нова историја надминувајќи го славниот Мајкл Џордан по еден параметар.

Имено, Србинот сега има вкупно 5.636 асистенции во својата НБА кариера со гореспоменатите 11 асистенции, со што го надмина Мајкл Џордан, кој ја заврши кариерата со 5.633 асистенции.

Јокиќ се изедначи со Чонси Билапс на 51-то место на листата на асистенции на сите времиња во НБА, и му недостасуваат 25 за да го надмине Карим Абдул-Џабар и да стане центарот со најмногу асистенции во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот