„Никна“ споменик на Сталин во Татарстан

Сталин споменик Татарстан/ Фото Твитер

Споменик на поранешниот советски лидер Јосиф Сталин е поставен на јавно место во Руската Република Татарстан, јави ДПА, повикувајќи се на информации од руските медиуми.

Споменикот се наоѓа во дворот на приватно училиште во градот Набережние Челни, на 1.100 километри источно од Москва, а неговото официјално отворање е планирано напролет, пренесува рускиот информативен портал „Бизнис онлајн”.

Фотографиите на споменикот покажуваат дека тој претставува фигура на Сталин кој седи на клупа во разговор со имагинарен соговорник.

„Одлично! Сега останува само некој нов вистински Сталин”, напишал корисник на локална социјална мрежа. Сепак, други луѓе го изразија своето задоволство од иницијативата на училиштето, забележува ДПА.

Споменикот очигледно бил инспириран од скулптура од 1930-тите, која ги прикажува Ленин и Сталин како седат на клупа и разговараат, забележа ДПА.

Повеќето од спомениците на Сталин беа отстранети на иницијатива на Кремљ за време на процесот на десталинизација во 1960-тите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот