Ники Минаж го избриша инстаграм-профилот по гафот со вдовицата на Чарли Кирк: Изгубила 10 милиони следбеници
По неколку недели исполнети со контроверзии и жестоки реакции на социјалните мрежи, се чини дека Ники Минаж повлече радикален потег – го избриша својот инстаграм-профил, пишува „Лед бајбл“. Популарната раперка се најде под силен притисок од јавноста поради своите политички истапи и несмасни изјави, што кулминираше со нејзино исчезнување од една од најпопуларните платформи.
Препорачано
Сè ескалираше на 21 декември, кога Минаж се појави како гостинка на настан на конзервативната организација Turning Point USA во Феникс, каде што настапи заедно со Ерика Кирк, сопругата на убиениот десничарски инфлуенсер Чарли Кирк.
Раперката предизвика бран негативни реакции кога, зборувајќи за конзервативни примери за младите мажи, направи сериозен гаф. Во исклучително чувствителен момент – имајќи предвид дека сопругот на Ерика беше убиен во септември на сличен настан – Минаж го опиша потпретседателот Џеј Ди Венс со позитивен сленг-израз што буквално значи „убиец“. Иако во контекстот сакала да каже дека е „моќен“ или „одличен“ политичар, изборот на зборови предизвика шок.
„Драги млади момчиња, имате неверојатни примери, како нашиот згоден и елегантен претседател. И имате одлични примери како ‘убиецот’ Џеј Ди Венс, нашиот потпретседател – и кога го велам тоа…“, изјави Минаж, по што нагло застана и ја покри устата, сфаќајќи ја грешката. Ерика Кирк се обиде да ја смири ситуацијата, велејќи дека во вакви моменти понекогаш е најдобро човек да се насмее.
Овој инцидент, заедно со сè поотворената поддршка на конзервативците и неодамнешните конфликти со други музичари, доведе до масовни критики. На социјалните мрежи се појавија тврдења дека Ники Минаж за краток период изгубила речиси 10 милиони следбеници на Инстаграм, иако таа бројка не е официјално потврдена. Набргу потоа, нејзиниот Инстаграм профил целосно исчезна.


