Никхил Мехта: Малиот Шенген ќе доведе до побрз развој на компаниите во БиХ

Босна и Херцеговина EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Воведувањето мал Шенген на Балканот ќе и овозможи на БиХ компаниите брзо да се развиваат преку сопствените приходи и да имаат непречен влез на стоки и услуги на балканскиот пазар. Ова особено се однесува на слободното движење на луѓето и услугите, рече за oslobodjenje.ba, Никхил Мехта, генерален директор на Арцелор Митал Зеница.

Тој додаде дека поентата е во економската интеграција и создавањето единствен пазар, што ќе ја подобри конкурентноста на одделните држави. Според него, предностите на малиот Шенген би биле елиминирање на административните проблеми, слободно движење на стоки и луѓе, помалку запирања на границите – пониски трошоци, заштеда на пари и време и подобрување на регионалната соработка.

Проф. д-р Мехмед Појскиќ, економски експерт од Зеница, смета дека поради падот на трговијата и прометот на меѓународниот пазар на стоки и услуги, многу земји размислуваат за воведување на одредени мерки што би ја подобриле нивната економска состојба.

Босна и Херцеговина, како мала земја со постојан притисок, и од политички и од економски аспект, од соседите, вели Појскиќ, би бил целосен успех за нејзините бизнисмени и нивните компании, како и за поголемо присуство на светската сцена.

Договорот за мал Шенген, кој би ги вклучил Албанија, Северна Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, не значи само укинување на внатрешните граници меѓу членките, туку и укинување на царините и другите даноци и се разбира слободниот проток на луѓе, стоки и услуги.

Малиот Шенген е направен според Шенгенскиот договор од 1985 година, така што станува збор и за воздушните граници, визите, полициската соработка и заштитата на личните податоци. Овие прашања треба да ги решат земјите кандидати пред да се формира унијата.

Извор: Oslobodjenje.ba

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот