Profimedia

Ниеден лек не го лекува она што радоста не може да го излечи: Мудрите зборови на Габриел Гарсија Маркес

Еднаш кога се приближувал кон Акапулко, Габриел Гарсија Маркес доживеал „откровение“ и ни самиот не знаел зошто – но морал да ја напише таа книга…

Доживувањето било целосно – на тоа место, во тој момент можел да ја издиктира целата прва глава од збор до збор.

Кога се вратил дома, се затворил во соба и почнал да пишува секојдневно 18 месеци. Пушел по 6 кутии цигари на ден, го продал автомобилот и речиси сите електрични апарати од дома за да го прехрани семејството и да купи хартија за пишување. Ги заложил преосанатите работи од дома за да го даде ракописот на издавачот.

И вредело – зашто неговиот роман „100 години самотија“ е еден од најчитаните светски романи. Во него се прикажани 100 години историја на измисленото колумбиско гратче Макондо и го следи семејството Буендија во седум генерации.

Нобеловецот Габриел Гарсиа Маркес (лево), бившиот кубански претседател Фидел Кастро и режисерот Фернандо Бири во Сан Антонио, 15 декември 1986г/ Profimedia

Во продолжение прочитајте неколку мудри мисли од Габриел Гарсија Маркес. 

– Само затоа што некој не те сака онака како што ти би сакал, не значи дека не си сакан од целото негово битие.

– Те сакам, не затоа што си ти, туку затоа што сум јас кога сум покрај тебе.

– Во животот не е важно она што ви се случило, туку она што го паметите и начинот на кој се сеќавате на тоа.

– Не плачи затоа што е готово. Радувај се затоа што се случило.

– Ниту една личност не ги заслужува твоите солзи, а таа што ги заслужува никогаш нема да те расплаче.

– Човекот има право да гледа друг од високо само кога треба да му помогне да стане.

– Вистински пријател е личноста која те држи за рака, а го допира твоете срце.

– Лагата е поудобна од сомнеж, покорисна од љубовта, потрајна од вистината.

– Можеби Бог сака да запознаеш многу погрешни луѓе пред да го запознаеш вистинскиот и кога тоа ќе се случи, ќе му бидеш благодарен.

– Староста нема никаква врска со тоа колку години имаш, туку колку старо се чуствуваш.

– Оној кој многу чека, може малку да очекува.

– Не се спротивставувај многу. Најдобрите работи се случуваат тогаш кога не ги очекуваш.

– Секогаш ќе има луѓе кои ќе сакаат да ве повредат, но треба да продолжите да верувате, само бидете внимателни.

– Ниту еден лек не го лекува она што радоста не може да го излекува.

– Мудроста ни доаѓа кога веќе не ни е од корист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот