Ни мама ни тато: Принцот Луис прво кажа „Мери“

профимедиа

Кралското семејство уште еднаш се најде во центарот на вниманието и тоа поради малечкиот Луис (1).

Неговата мајка, војвотката Кејт Мидлтон (37), откри дека еден од првите зборови кои ги изговорил принцот Луис било името Мери, бидејќи домот на Кејт и Вилијам е полн со книги од готвачката Мери Бери, ѕвездата од кулинарското шоу „The Great British Bake Off“, пишува Дејли Мејл.

инстаграм

– Еден од првите зборови кои Луис ги изговори беше Мери бидејќи тој со својата висина е точно на таа висина каде може да ја види книгите за готвење на Мери, кои се наоѓаат на нашата полица со книги во кујната, откри Војвотката.

Принцот Луис е најмладиот син на војводата и војвотката од Кембриџ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот