Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ се сретна со Рикер

Вршителот на должност помошник – државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер попладнево се сретна и со Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата на која присуствуваа и амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, како и други високи претставници, стана збор за натамошната интеграција во ЕУ и НАТО на државата, а пристапот на опозициската Независна пратеничка група бил оценет како позитивен за развој на демократијата во земјава.

Како што соопшти Независната пратеничка група, во текот на разговорот биле споделени размислувањата, идеите и конкретните чекори за напредок на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот