Незапомнет скандал во Измир: Наместо молитва од повеќе минариња се слушаше песната „Бела чао“ (ВИДЕО)

Портпаролот на владејачката партија, Омер Челик, „остро го осуди“ овој инцидент на Твитер и изјави дека сторителите ќе бидат пронајдени.

Турските власти покренаа истрага денеска во Измир, откако системот преку кој се пуштаат молитви бил хакиран, па така на неколку минариња од џамиите се слушаше  италијанската антифашистичка песна „Бела чао“.

Антифашистичката химна е пуштена вчера попладне наместо повик за молитва, што се емитува пет пати на ден, а за самиот настан сведочи оваа снимка која беше објавена и на социјалните мрежи.

Локалниот огранок на турските власти надлежни за верски работи синоќа на Твитер го потврди овој инцидент и најави отворање на внатрешна истрага и доставување извештај до полицијата.

Обвинителството во Измир отвори истрага за инцидентот, во кој ќе бидат опфатени и корисниците на социјалните мрежи, осомничени за „негирање на верските вредности“.

Инцидентот се случил среде Рамазан, муслиманскиот месец на постот, и во моментот кога џамиите се затворени поради пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот