Незаборавната партија на Барди, два гола против Барса (ВИДЕО)

фото:твитер

Освен македонскиот репрезентативец, и Боатенг имаше фантастична партија со хет-трик против каталонскиот гигант…

Иако сонот на Барселона беше да ја заврши сезоната 2017/2018 во „Ла Лига“. без пораз, на патот се најде Леванте кој со 5:4 ја прекина серијата на гигантот.

Придонес во големата победа имаше Енис Барди кој двапати се запиша во листата на стрелците. Освен македонскиот репрезентативец, и Емануел Боатенг имаше фантастична партија со хет-трик против каталонскиот гигант…

Гол серијата започна во деветтата минута со погодокот на Боатенг за водство на домаќините…

Истиот играч ја зголеми предноста после половина час игра, а во првото полувреме гостите успеај да намалат преку Кутињо.

На самиот почеток од вториот дел Барди прекрасно стрелаше за 3:1, а својот хет-трик Боатенг го комплетираше во 49 минута.

Не знаеше што ја снајде Барса на ова гостување, па прими и петти гол, во 56 минута Барди ја затресе мрежата на Тер Штеген после асистенцијата на Рожер Марти.

До крајот на мечот каталонците успеаја барем да избегне барем срамен пораз двапати преку Кутињо и еднаш Суарез. СИТЕ ГОЛОВИ ОД НАТПРЕВАРОТ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот