Невзат Бејта со сменет дрес се враќа во натпреварот за градоначалник на Гостивар?
Поранешниот градоначалник на Гостивар од ДУИ во два мандата, Невзат Бејта, се враќа во трката за оваа функција на повторените локални избори во градот, но тој сега ќе биде кандидат на владејачката коалиција „Вреди“, објави ТВ21 повикувајќи се на свои извори.
Препорачано
Во Гостивар повторно ќе се гласа на 11 јануари, откако на локалните избори одржани минатиот месец во градот за малку не беше исполнет цензусот.
Според информациите на телевизијата, Бејта својата кандидатура утре ќе ја поднесе во Државната изборна комисија (ДИК).
Бејта во 2023 година беше дел од т.н. „огнена група“ функционери на ДУИ, заедно со Изет Меџити, Муса Џафери, Блерим Беџети и Садула Дураку. „Огнените“ како фракција со месеци отворено изразуваа незадоволство од позицијата на Артан Груби и Бујар Османи во тогаш владејачката партија и нивната блискост со лидерот Али Ахмети. Поголемиот дел од овие функционери потоа се вратија во ДУИ, додека Изет Меџити, кој беше долгогодишен потпретседател на партијата на Ахмети, стана предводник на коалицијата „Вреди“ која победи на изборите и влезе во актуелната влада на Христијан Мицкоски.
Бејта „распали“ по сопартијците: Груби е тенеќе, Талат е во коалиција со Таравари


