Бејта „распали“ по сопартијците: Груби е тенеќе, Талат е во коалиција со Таравари
Поранешниот гостиварски градоначалник Невзат Бејта упати сериозни навреди и обвинувања против високи функционери на ДУИ и негови сопартијци, претседателот на Собранието Талат Џафери и првиот вицепремиер Артан Груби.
Препорачано
Тој го обвини собранискиот спикер Џафери дека е во коалиција со актуелниот градоначалник Арбен Таравари од 2017 година. На изборите таа година Бејта, кој дотогаш беше градоначалник на Гостивар, загуби од Таравари.
„Што се однесува до соработката на ДУИ со Арбен Таравари, соработката е тајна од 2017 година и координатор беше Талат Џафери. Талат Џафери се мобилизираа и создаде свои структури за да ме елиминираат од Гостивар и му помогнаа на Арбен Таравари на локалните избори “, изјави Бејта во емисијата „200“ на ТВ Алсат.
Запрашан за изјавата на Али Ахмети дека „не го дава“ Груби, тој се надоврза на сопствениот гаф од неодамна (дека е „градоначалник од 24 карати“). На прашањето: Од колку карати е Артан Груби, дали можеби 24, Бејта рече:
– Не се мери со карати што се мерат металите, тој е метал што нема карати и да имаше карати, ќе беше подобар тогаш немаше да направи поделби во ДУИ. А тие што немаат карати се железо, тенеќе итн.“, рече Бејта.


