Невообичаена тужба: Бетмен против италијански трговец со облека

Логото на Бетмен е доволно препознатливо за да гарантира статус на трговска марка во ЕУ, одлучи европскиот суд во средата, прифаќајќи ги аргументите на американскиот издавач на стрипови „ДС Комикс“ во спорот против италијанскиот продавач на облека. Во 2019 година, италијанската компанија Комерциале Италиана побара од европската канцеларија за патенти EУИПО да ја поништи трговската марка за облека и предмети од „ДС Комикс“, велејќи дека нема препознатлив карактер, пренесува порталот Пословни хр. Американскиот издавач на стрипови го регистрираше логото на Бетмен на EУИПО пред повеќе од 20 години. Европската канцеларија го одби барањето на италијанската компанија, која се жалеше до Генералниот европски суд. Во средата, судиите го поддржаа ставот на ЕУИПО.
„Доказите доставени до Општиот суд не се доволни да го поддржат тврдењето дека трговската марка регистрирана во ЕУ, лилјак на овална позадина, не била препознатлива на датумот на барањето за регистрација“, се вели во пресудата.
Поради тоа признание, релевантната публика, според ЕУИПО, ја поврзува стоката со таа трговска марка со ДС Комикс и ја разликува од стоките на другите компании, заклучува судот. Италијанската компанија може да ја обжали пресудата до Второстепениот европски суд.