ФОТО | Невидени сцени на црвениот тепих: Хејли Лу Ричардсон во штикли изведе „стој на глава“
Американската актерка Хејли Лу Ричардсон уште еднаш покажа дека црвениот тепих не ѝ е доволен, и дека ѝ треба дополнителен простор за акробации. За време на позирањето пред фоторепортерите по повод новиот филм „Good Luck, Have Fun, Don’t Die“ на Берлинскиот интернационален филмски фестивал, атмосферата во еден момент целосно излегла од контрола и се претворила во мало шоу.
Препорачано

Триесетгодишната ѕвезда, позната по енергичните и малку ексцентрични улоги, најпрво разиграно позираше со колегите Сем Роквел и Мајкл Пења а потоа, на изненадување на присутните фотографи, започна серија акробатски движења. Стој на глава, високи удари со нозете, балансирање на раце во високи потпетици … сето тоа облечена во црно сако и кратки шорцови.


Публиката остана без здив, а Ричардсон уште еднаш докажа дека физичките предизвици не ѝ се непознати. Актерката, која своевремено откри дека е голем обожавател на бендот „Jonas Brothers“, очигледно ужива во поместување на границите, било на филмското платно или пред објективите.

На расположението се приклучи и режисерот Гор Вербински кој се обиде да парира на нејзините високи удари, но според реакциите на присутните, без поголем успех.



